Крушево е
мало
планинско
градче во
Македонија
и една
голема
туристичка
атракција.
Сместено
во
планината
Бушево со
највисокиот
врв Стара
Мушица (1,788 м)
на
надморска
висина од 1,250
м, на 159 км од
главниот
град
Скопје, 55 км
од Битола, 32
км од
Прилеп, и
само на 68 км
од
Македонско/грчкиот
граничен
премин
Меџитлија/Ники.
Аеродроми
,,Петровец,,-Скопје-170
км,
аеродром
во Охрид-130
км,
аеродром-Солун-Грција
250 км.
На
еден мал
простор
има толку
многу
споменици
како
куќата на
Никола
Карев,
споменикот
на НОВ,
споменикот
на
Илинденското
Востание
во
локалитетот
Гумење,
музејот на
Илинденското
Востание и
Крушевската
Република,
Мечкин
Камен,
галерија
на икони,
како и
галерија
на платна
од
најголемиот
македенски
сликар
Никола
Мартиноски.
Црквите ,,Св.Никола,,
,,Св. Јован, и
другите се
право
богатство
од икони
мајсторски
дрво-резби.
Климата
е исто
така
погодна за
развој на
планински
туризам.
Просечната
температура
во текот
на
годината е
8,3
Целзиусови
степени,
додека
просечната
летна
температура
е 17,4 степени
Целзиусови.
Просечната
влажност е
76%. Крушево
има 2,090
сончеви
часа.
Снежната
покривка
се
задржува
помеѓу 76-80
денови